Добредојде во Скопје: Пешаци на коловози и на велосипедски патеки, автомобили на тротоари!

Скопје, за жал е град со ниска сообраќајна култура. Тоа особено се забележува преку секојдневното учество во сообраќајот, но и преку паркирање и запирање на простор кој што не е наменет за тоа. 

И само половина час да се задржиш во Скопје, ќе ти стане јасно до кој степен е развиена сообраќајната култура на скопјани. 
Уште во првите училишни денови се учи дека улица се поминува на пешачки премин и кога ќе е зелено за пешаците, а црвено за возилата. Уште тогаш се учи дека се паркира на паркинг, а дека тротоарите се за пешаците, а велосипедските патеки се за велосипедите. 

Но, дали е вака во Скопје. 

Пешаци секојднвени жртви по скопските улици. Дел виновни самите тие, дел виновни возачите. Автомобили паркирани, кој каде сака. Тротоарите често се зафатени со автомобили, па пешаците се приморани да одат по коловозите. На ова често реагираат мајките со количките или пак инвалидите. Велосипедисти по тротоари или пешаци по велосипедски патеки, секојдневна борба во Скопје. 

Сообраќајниот метеж во главниот град од ден на ден е се поголем, а возачите нервозни исто така и пешаците. 

И сите брзаме некаде, и сите сме во фрки, толку многу што би го ставиле и својот и туѓиот живот на коцка само за да стигнеме поскоро, па макар го фатиле семафорот на популарното портокалово. А многумина си поминуваат и на црвено, без око да им трепне.