Добивка на НовоЛото 7/34, вредна 500.000 денари

51-то Коло на НовоЛото 7/34 во 2016 година , донесе среќа и вредна добивка на Ѓ.Б.  од Прилеп. Овој Прилепчанец , во просториите на Државна лотарија на Македонија ја раскажа својата среќна НовоЛото приказна.

Играч е на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија веќе години на назад, а секогаш ги игра истите броеви на НовоЛото.

Овој пат уплатил тикет со 10 комбинации, во вредност од 150 денари, а за него среќна била петтата комбинација која му донесе добивка 6+1 , вредна 499.408,00 денари.

Добитното ливче го уплатил во продажното место „ЛАНА ШОП“ во Прилеп , кое за него се покажало како Среќно Место. Средствата од добивката се уште не е сигурен за што ќе ги искористи , но сигурен е дека најпрво ќе ги чести своите најблиски во некоја прилепска кафеана.

Тој им порача да на сите играчи на игрите на среќа да го пронајдат своето Среќно Место и да ги уплатат своите среќни броеви, бидејќи со среќата никогаш не се знае.

ЗА  ДОБРО!

Државна лотарија на Македонија