Добив отказ додека сум на породилно отсуство, останав дома со бебе без никакви примања, се жали Филимена

Филимена Бошковска објави статус на Фејсбук во кој се пожали дека добила отказ за време на породилно отсуство.

- Дефинитивно некој во државава си поигрува со нас жените, а 8 март беше само пред 10 дена. Постојат услови кои треба да се исполнат за жената да се стекне со право на исплата на трудничко, го правиш тоа, одиш бремена на работа секој ден, ги исполнуваш и заминуваш на породилно ... Почнува исплатата на породилното со каснење на истото, по што добивам покана од ФЗО да ги вратам парите назад и дека ми се прекинува исплатата.

Останувам дома со бебе, без примања, ги контактирам сите можни институции и адвокати и дознавам дека правно не смее да има отказ за време на породилно боледување, пријавена на определено време во АВРМ. Но, генералниот директор на фирмата каде што работев (Французин) дава полномошно на адвокати (Констадинович и Милошевски) кои со токен влегуваат во системот на АВРМ и внесуваат отказ додека јас се опоравувам од царски рез бидејки системот не им дава информација дека сум на пордилно боледување.

Дознала дека е отпуштена од ФЗО, од каде ѝ ги побарале да ги врати парите назад.

- За отказот дознавам од ФЗО преку покана за враќање на парите назад и прекин на исплата кој се добива преку М2 образец инфо од АВРМ и ја прекинува исплатата, отказ кој правно во никој случај не е издржан и не смее да се случи по закон. Ме советуваат да си ги барам правата на Суд. жена на која и следи породилно по закон и треба да е заштитена како жена треба да дава дополнително пари за да си ги докаже правата на суд, иако останала без примања. За правата на жената се работи, не дај Боже, некоја ќе остане на улица бидејќи треба кирија да плати и да купи млеко за бебето од парите што ѝ следуваат од породилно, пишува Филимена.