Доаѓаат такви времиња кога човек сфаќа дека ја преценил моќта на искуствата, затоа што кога тие ќе пројдат, од нив остануваат само бледи спомени кои немаат моќ да ја обликуваат иднината, да даваат сила во тешките моменти и да ги будат оние силни чувства при нивно споменување.

Доаѓаат такви времиња кога на човек му е потребно мир повеќе од сѐ друго...

Повеќе не му е важно да биде во центарот на случувањата, да знае дека е виден и да чувствува дека за него се зборува, позитивно или негативно.

Повеќе не му е важно да има маса на луѓе околу себе која ќе направи добра забава и во која тој ќе ужива. Повеќе не му се важни авантурите кои ќе ја исцедат и последната капка адреналин, ниту пак егзотични места за кои секогаш сонувал и сакал да ги посети.

Доаѓаат такви времиња кога на човек му е потребно само мир.

Доаѓаат такви времиња кога човоек се уморува и од луѓе и од настани и сака само да седи на кауч или во кревет, да пие кафе или чај, да гледа филм, да чита книга и никој ништо да не го прашува, никој да не го ни споменува.

Доаѓаат такви времиња кога човек не сака никому да се докажува, затоа што знае дека нема смисла, знае дека луѓето веруваат само во она што сакаат да веруваат.

Доаѓаат такви времиња кога човек повеќе не сака да се правда за она што го направил, ниту да се фали, затоа што сфаќа дека тоа воопшто не е важно.

Доаѓаат такви времиња кога човек престанува да се бори за некои апстрактни права, затоа што сфаќа дека таа борба само му го одзема драгоцениот мир.

Му доаѓа преку глава од тие трошки кои другите му ги нодат и одлучува да го живее животот во својот полн изворен облик, а тоа е неговиот мир.