Доаѓаат потопли денови: Овие нешта не смеете да ги правите кога е многу жешко

Сигурно кога ви е многу топло помислувате дека би било добро да се истуширате со ладна вода или да испиете пијалак со мраз. 

Сепак, тоа може да биде грешка и да направи да се чувствувате уште поизморено или да ви биде потопло. Освен што треба да избегнувате директно изложување на сонце и да внесувате доволно течности, добро е да не ги правите и овие нешта:

Туширање со ладна вода

Можеби ви изгледа како најдобро решение, но откако ќе го изладите телото, тоа ќе почне да ги собира крвните садови за да може самото да ја одржи телесната температура. Млаката вода е подобро решение. 

Калорична храна

Дури и пицата и тестенините се многу калорични и може да го отежнат варењето, а со тоа да придонесат и за зголемено загревање на телото, како последица на поголемото оптоварување на дигестивниот систем. 

Ладни алкохолни пијалаци

Коктелите и ладното пиво заменете ги со безалкохолни појалаци. Кога во нашето тело има алкохол, тоа се бори против него, загревајќи нè дополнително. 

Ладна храна и пијалаци

Сладоледот и лимонадата со мраз звучат одлично, но може да доведат до стеснување на крвните садови и да почувствувате главоболка. Не треба да се откажете од овие задоволства, туку да ги внесувате во ограничени количини. 

Скокање во ладна вода

Колку и да ви се чини како добра идеја да скокнете во ладниот базен или во морето, не го правете тоа. Кога телото е загреано, не е препорачливо да го ладите на овој начин и можете да предизвикате температурен шок. Има случаи и кога ваквите скокања во вода завршиле со смрт поради застојот на работата на срцето.