Доаѓа зимското сметање на времето: Како промената влијае врз луѓето

Стрелките на часовникот се враќаат еден час назад. Наместо три часот по полноќ, според зимското сметање на времето сега ќе биде два часот. Тоа ќе донесе порано стемнување но и порано разденување. Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.

Лекарите сметаат дека менувањето на времето се одразува негативно на човечкиот биоритам, но и врз продуктивноста на работното место. Особено тоа негативно влијае велат врз помладата популација.

Ова го сфаќам како еден вид на експеримент кој се направи во човештвото, меѓутоа резултатите кои ги гледаме во нашата пракса особено кај децата имаат негативно влијание, бидејќи биолошкиот часовник, биолошкиот ритам се променува. Тоа многу делува на сите сфери на човековиот живот, како органски така и психолошки. Децата не можат да го фатат биоритамот на учење и на одморање, велат лекарите.