Доаѓа време кога повеќе не можеш да се лажеш себеси...

И така доаѓа време кога повеќе не можеш да ги пикнуваш работите под тепих. Кога повеќе не можеш да се лажеш, да глумиш...

Кога сѐ она што долго време го криеш почнува да вриска погласно од што било. 

Доаѓа време од кое долго време се плашиш. А сепак потсвесно го посакуваш. Време кога конечно сѐ треба да се расчисти. Да престанеш да живееш како некоја бледа копија од себе и да почнеш конечно да дишеш. 

Затоа што не можеш вечно да живееш во сопствената сенка. Не можеш вечно да бегаш. Затоа што ќе те стигне. Сѐ она што навистина си. И тогаш маските ќе почнаат да паѓаат.  

Да, знам дека се плашиш, затоа што толку долго време избираш сигурност наместо слобода. Болка наместо радост, болка која толку длабоко е во тебе, што мислиш дека не можеш да живееш без неа. И така ти станала некоја чудна навика, како да треба да живееш така. 

А не треба. Не треба така да живееш. Во тага, болка и фрустрација. Колку е лесно да се мисли дека тоа е нормално, затоа што многумина живеат така. А тоа не е нормално. Воопшто. И не би ни требало да биде. 

И затоа, кога е најтемно, тогаш стигнува најгласниот повик за будење. Кога е најлошо, тогаш душата најгласно те повикува. Кога толку многу се стуткуваш и не гледаш дека тонеш, баш тогаш нешто доаѓа да те размрда. Да го размрда целиот твој свет. Да те преиспита, со сито да пројде сѐ за да го отфрли она што не чини.

И тоа ти е најдобар пријател, иако не мислиш така во моментот. Тој повик доаѓа со причина. Да направи да живееш додека си жив. Да те разбуди пред залудно да ги потрошиш годините. Да те натера да се запраша: Кој сум? Каде одам? Со кои вредности живеам? Има ли живот во ова живуркање? Дали на ова сивило му дојде крајот? 

Па можеби сепак е време за промени...

Подготви се. Затоа што тој момент ќе дојде. Порано или подоцна. Што побрзо тоа подобро. Ќе ти остане повеќе време за да ги правиш работите кои ги сакаш и за кои чувствуваш страст. Повеќе време... за вистинско живеење.