Доаѓа сезоната на Вагите -  што им носи на хороскопските знаци?

Владеењето на Вагите започнува на 22 септември. На оваа дата, имаме еднаков број на часови во денот и ноќта, а тоа значи дека доаѓа време за баланс во нашите животи. 

Ова е хороскопот за сите хороскопски знаци.

Овен

Вие сте војник во природа, но сега е време да се изборите за оние кои ви значат. Потрудете се да најдете баланс меѓу тоа што го посакувате и тоа што го имате во својот живот, но за да го постигнете тоа ќе треба да го ставите егото на страна. И вие самите заслужувате љубов, така што сакајте се прво себеси.

Бик

За Биковите, пролетта и летото беа период на многу предизивици. Но, сезоната на Вагите ви носи можност да почнете од почеток, со нова енергија. Прашањето е дали сте подготовени. Кажете да! 

Близнаци

Време е за креативност. Можеби ова е совршен период за преуредување на домот или пак за некој креативен проект. Искористите го талентот кој го поседувате. 

Рак

Домот е каде што е вашето срце. Тоа е најчесто мотото на Раковите. Ова е период кога е време да се посветите на своето мало катче. Купете си нови работи за декорација или пак обојте ги ѕидовите. Есента ви носи убаво чувство, а тоа ќе биде надополнето со топлината на домот.

Лав

Потребно ви е дружење и време поминато со вашите пријатели. Имате толку многу да раскажете и едвај чекате да ги видите. Сепак, бидете внимателни овој период. Не зборувајте премногу!

Девица

Овој период, ќе бидете во можност да застанете во одбрана на другите луѓе и да се одбраните и себеси од оние кои сакаат да ви попречат во вашите планови. Луѓето мораат да научат да ве почитуваат, а ова е најдобар период да им го покажете тоа.

Вага

Вие сакате да оставите белег на светот, а тоа е нешто што ви стои во глава одамна. Но, период на Вагите ве носи токму во оваа насока. Прифатете да бидете лидер и искористете ја својата шанса за успех.

Шкорпија

Во текот на овој период, Шкорпиите ќе бидат интроспективни и ќе го планираат својот следен чекор. Искористете го ова време да се подготвите за деновите од есента, за да ги постигнете своите желби. Одличен период за да ги исполните своите цели.

Стрелец

Вашиот круг на пријатели се зголемува, давајќи ви можност да запознаете луѓе кои ќе ви станат најдобри пријатели со тек на време. Уживајте во оваа неверојатна можност да се поврзете со другите луѓе овој период. 

Јарец

Работата станува многу хаотична за вас, но ќе добиете шанса да го најдете својот баланс и да не се фокусирате на работата 24/7. Ќе најдете време да одморите, но изберете нешто што ќе ви помогне да се опуштите. 

Водолија

Ова е период на духовност за вас. Ќе постигнете големо ниво на лично задоволство, а тоа ќе трае за вас со месеци. Време е за победи, мали и големи!

Риби

Можно е да дојде до откривање на одредени тајни што ќе ви помогне поинаку да гледате на работите и другите луѓе околу вас.