Доаѓа сезоната на Биковите: Сè што треба да знаете за родените во овој знак

Биковите се луѓето родени во април и мај. 

Овој знак се карактеризира со силна тврдоглавост, но и сила, трпение и посветеност. Родените во овој знак се едни од највредните луѓе во хороскопот. Но, тие не се тврдоглави, туку само посветени.

Биковите имаат неверојатна способност да се фокусираат на еден проект или активност и да успеат во тоа што ќе го замислат. Кога ќе погледнете, ќе помислите дека никогаш не би успеале поради бавниот начин на кој им пристапуваат на работите, но во тоа лежи и нивната сила и моќ. Понекогаш им се потребни месеци и години за да постигнат нешто, но тие се многу успешни кога ќе замислат нешто.

Во животот, Биковите немаат многу пријатели, но оние кои ги имаат се пријатели за цел живот. Кога ќе направат избор, тие се држат до него, но имаат и неверојатна интуиција да се во право во однос на карактерот на луѓето. Посветени се и лојални и такви луѓе посакуваат да имаат покрај себе, како во пријателствата така и во љубовта.

Штом се посветат, не ги интересираат промените.

Тие се управувани од Венера која е планета на убавината, страста, љубовта и посветеноста. Во хороскопот, Венера е божица на љубовта  и таа управува со Биковите и Вагите.  Бидејќи се земјен знак, тие се многу практични и рационални личности. Не претеруваат со своите цели и секогаш одат по она што сметаат дека можат да го достигнат. Штом ги запознаете се многу резервирани, па на прв поглед би можеле и да помислете дека немаат многу што да ви понудат, но се лажете. Со тек на време, тие се опуштаат и се навистина свои кога ќе ја освоите нивната доверба.

Во љубовта сакаат стабилни и посветени партнери кои не изневеруваат. Иако не признаваат, знаат понекогаш да се љубоморни бидејќи се управувани од мислата дека тоа што е нивно е само нивно. Во животот тие се поврзуваат многу со луѓето кои им значат, но не го покажуваат лесно тоа бидејќи не сакаат другите да го сметаат тоа за слабост. Понекогаш остануваат долго во некоја врска бидејќи се плашат да не ја повредат другата личност и никогаш не сакаат да бидат тие што повредуваат. Освен тоа, промените им паѓаат тешко па потребно им е време да донесат одлука и да ја пренесат истата таа информација на другата личност. 

Често се сметани за материјалисти но тие едноставно ја сакаат сигурноста и се грижат за тоа што го поседуваат. Се грижат за нештата кои ги имаат стекнато во животот, но тие никогаш не им се поважни од луѓето околу нив. За нив, стабилноста не е важна само за нив самите туку и за оние кои им се драги.

Биковите се еден од најтрпеливите знаци во хороскопот, тие се вистинска спротивност на импулсивните Овни и лесно досадливите Близнаци. Тие разбираат дека потребно е време за да се постигне нешто, но и дека не можеме лесно да се откажеме од личност која ни донела некакви убави спомени и поддршка во животот. Не се флексибилни и не можете да очекувате од нив да донесат брза одлука дури и кога станува збор за најмала ситница. За нив, тоа е нешто големо кое ако сте им блиски ќе го сфатите и прифатите. Повеќе би останале онаму кадешто им е најубаво и најпријатно отколку постојано да пробуваат нови нешта. Тоа не е за нив. 

Тие се едни од најгрижливи и најдобрите личности кои ќе ги запознаете. Ако имате Бик во својот живот, веќе го знаете сето ова.