Доаѓа сезона на Близнаците: Што им носи на хороскопските знаци?

На 21 мај почнува сезоната на владеење на Близнаците.

Ни преотстануваат последните денови од владеењето на смирените и лојални Бикови, а потоа се придвижуваме кон летната сезона и периодот на владеење на социјалните Близнаци. Нивната енергија е топла, забавна, па дури и заразна. За време на нивната сезона, фокусот е на нашиот ум, но и на поврзувањето со другите околу нас.

Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Сезоната на Близнаците за Овните носи поврзувања и соработки. Сонцето во Близнаци ја активира вашата потреба да останете зафатени, но и да поминете време со другите. Можно е да посакате да ги унапредите своите вештини, па некои Овни ќе се запишат на обука. 

Вашиот ум работи со голема брзина, па ќе се чувствувате како да не можете да постигнете сè одеднаш. Но, бидете внимателни, бидејќи важно е да обрнете внимание на својот распоред и јасно да ги поставите своите приоритети. Кога Марс ќе влезе во вашиот знак на 25 мај, сите очи се вперени кон вас. Ќе бидете инспирирани да вложите енергија и време за самите себеси.

Бик

Периодот на Близнаците значи фокус на вашите финансии, драги Бикови! Вашата сезона полека дојде до крајот и бевте во центарот на вниманието, а сега е време да се посветите на работата. Ова е период кој ќе ве посвети колку е важна напорната работа и дека таа носи одлични резултати секогаш кога ќе се посветите на нешто.

Некои Бикови ќе посакаат да го променат работното место, но бидете внимателни како трошите за време на владеењето на ретроградниот Меркур, до 2 јуни. За вас доаѓа благослов од универзумот на 29 мај кога вашата владетелка Венера влегува во вашиот знак. Тоа значи дека ќе бидете неодоливи и посакувани и ова е одличен момент да се поврзете со личноста која долго ја игнориравте.

Близнаци

Со Сонцето во вашиот знак, не постои подобро време да се претставите себеси пред другите и да поработите на своите лични цели. Што сакате да промените во својот живот? Вашата сезона ви носи силна посветеност да ги промените работите на подобро и да ја преземете контролата во свои раце. Ова е и одличен потсетник да нурнете во својата автентичност и да се посветите на она што ве прави уникатни и различни од другите.

Вашиот владетел Меркур ќе биде ретрограден во вашиот знак до 2 јуни, па можно е да се најдете во фаза кога ќе бидете поинтроспективни од вообичаено. Ќе поставите и појасни и поздрави граници во однос на другите луѓе, но треба да заборавите на притисокот дека морате да одговорите на сите повици за средби со другите луѓе. Слушајте ги инстинктите кои некогаш од вас бараат да поминете малку време сами.

Рак

Сезоната на Близнаците ве потсетува на важноста на времето посветено на себеси. Можно е да завршите едно важно поглавје од вашиот живот или пак да се соочите со важен емоционален настан. Овој период од вас бара да најдете време за одмор и полнење на батериите па обрнете внимание и на лекциите кои ги научивте во изминатиот период. За некои Ракови, добро е да се посветат на јога и медитација или други видови духовна пракса кои ќе им помогнат на ова патување.

Вашето расположение ќе се менува со фазите на месечината, па така младата Месечина во Близнаци на 30 мај ви носи нов почеток, а полната Месечина на 14 јуни може да биде интензивна за вас. Затоа искористете го овој период да се фокусирате на своето физичко и ментално здравје, но и да изградите навики кои ви даваат поддршка во исполнување на целите.

Лав

Сонцето е во Близнаци, а вие ќе бидете инспирирани да се насочите кон луѓето во вашата заедница. Ова е одличен период за поврзување со оние кои ви се драги, но и нови луѓе во вашиот живот. Дружењата ќе ви помогнат да се чувствувате подобро, но и да ги исполните своите надежи и соништа. Венера од 29 мај се движи во Бик и ќе ви помогне да бидете суперѕвезди на своето работно место. Тоа може да ви донесе унапредување или одлична понуда за нова работа. Не успорувајте, ова е време да бидете активни и присутни насекаде. Овој период ви носи неверојатни можности кои ќе ви го променат животот.

Девица

Кога Сонцето ќе минува низ Близнаци, ќе чувствувате борба меѓу вашиот јавен и личен живот. Ќе посакате да си поставите прашања и да направите анализа на својот живот во однос на тоа дали сте исполнети, дали го сакате она што го правите, но истовремено голема е веројатноста да добиете некакво признание и промоција кои долго сте ги очекувале. Балансот е клучен, овој период.

Меркур ќе се движи ретроградно во Близнаци, а потоа и во Бик и ќе побара од вас да размислите во однос на вашите долгорочни планови и визија. Поминете време градејќи ја иднината која отсекогаш сте ја посакувале.

Вага

Кога Сонцето се движи низ Близнаци, за Вагите ова е период кога ќе посакаат да внесат авантура во своите животи. Можно е да размислувате за патување, но и за нови интереси и хобија кои ќе ве направат среќни. Ако решите да патувате, за вас патувањата значат и период на стекнување подлабока мудрост.

Венера ќе се движи во вашиот сектор на љубовни врски и на 29 мај со нејзиното влегување во Бик, ќе бидете ранливи и емотивни. Ова е одличен период да изградите значајни односи со другите.

Шкорпија

Самата помисла да се социјализирате и да одите од настан на настан е премногу за вас, драги Шкорпии. Така, за вас, сезоната на Шкорпиите е период на интроспективно размислување и љубопитност. Ќе се соочите со својата болка и стравови, но сето тоа е за добро -  за да можете да ја вратите назад својата сила. Клучно е да поработите на себеси, но и да побарате поддршка од другите.

Вашиот владетел Марс влегува во Овен на 25 мај, па можно е да се соочите со многу обврски овој период. Осигурете се дека енергијата која ја инвестирате во другите ви е возвратена. Го заслужувате тоа.

Стрелец

Љубовта е во воздухот! Без оглед на тоа дали сте во врска или не, сезоната на Близнаците ве тера да се фокусирате на љубовните односи. Ако сте во врска, работите можат да станат сериозни, а ако сте сами, да сретнете личност која ќе ве воодушеви. Но, со ретроградниот Меркур можно е и навраќање на личност од минатото во вашиот живот.

Вашиот владетел Јупитер ве потсетува на креативноста. Вашиот внатрешен уметник е подготвен да заблеска и да ги покаже своите способности пред другите.

Јарец

Сезоната на Близнаците може да биде истоштувачка за вас, но не мора да биде така. Важно е да се посветите на балансот меѓу работа и вашиот личен живот и да не заборавите на најблиските. Ова исто така е и потсетник да се посветите и на своето ментално и физичко здравје. Бидете проактивни, наместо реактивни.

Водолија

Време е за забава за Водолиите. Оваа сезона на Близнаците ви носи можност да го промените својот став и да го направите гордо своето внатрешно дете. Следете го својот инстинкт и бидете креативни. Можеби сте имале хоби или интерес во минатото кој сте го занемариле, но сега е време да се навратите на тоа. 

Овој период е и креативен, но и романтичен за вас. Препуштете се на страста и романсата.

Риби

Вашите физички сетила се интензивирани. Можно е да се чувствувате како сунѓер кој ги впива туѓите енергии, па затоа бидете внимателни кого пуштате покрај себе. Важно е и да поминете време сами ако тоа ви е потребно и да создадете јасни граници, не дозволувајќи им на другите да го нарушат вашиот мир. 

Вашиот владетел Јупитер ви носи среќа во овој период, па ќе успевате да манифестирате изобилство среќа. Не се плашете да замислете желба, сепак Јупитер е планета на среќата и таа носи исполнување на вашите желби.