Доаѓа романтична есен за 4 хороскопски знаци

Секоја сезона носи одредена романса со себе. Есента е особено посебна со жолтите лисја, дождливите денови и есенските прошетки.

Есента ќе биде особено романтична за Девиците, Вагите, Шкорпиите и Стрелците.

Девица – се чувствувате привлечно и потребна ви е интимност

Планетата на љубовта и романсата ќе танцува во вашиот знак од 2 до 27 октомври. Тоа ќе ве потсети на сите причини зошто вредите и ќе ви донесе одредена страст која ќе сакате да ја споделите со друга личност. Ќе имате силна потреба за интимност, па така пробајте да се поврзете со друга личност.

Вага – подготвени сте да сакате

Есента започнува со владеењето на вашиот знак, а тоа ви носи љубов кон себеси и зголемена самодоверба. Романтичната Венера ќе престојува во вашиот знак од 27 октомври до 21 ноември, носејќи ви добри вибрации во текот на овој период. Марс го завршува своето ретроградно движење на 13 ноември, што ви носи и огромна доза на позитивна енергија.

Шкорпија – романтични сте

Искри летаат насекаде околу вас, а вие сте подготвени за романса оваа есен. Иако се соочувате со непријатен ретрограден Меркур од 13 октомври до 13 ноември, ќе бидете наградени што успешно се справивте со овој период. Венера е во вашиот знак од 21 ноември до 5 декември, што ќе ви донесе страст и силна желба за романса. 

Стрелец – ја заслужувате возбудата од заљубеноста

 Ќе се чувствувате како да сакате постојано да флертувате, но оваа есен ви носи и можност да се заљубите. Романтичните емоции се интензивираат бидејќи Венера влегува во вашиот знак на 15 декември што ќе ви помогне да уживате во зимата.