Доаѓа пролет: Време е за вежбање

Искористете ги топлите убави денови кои доаѓаат за поттикнување на физичката активност и искористувањето на бенефитите за вашето тело и здравје.

Доаѓа пролетта, температурите полека растат, а со нив веќе и треба да ги снема изговорите за невежбање. Искористете ги топлите денови и зачекорете во пролетта со повеќе енергија, правејќи нешто корисно и позитивно за вашето здравје. Кој и да е вашиот избор: теретана, трчање, брзо одење, тенис...почнете по малку.

Ако во текот на зимата бевте неактивни, почнете полека. Почнете да вежбате околу половина час дневно или пак пешачете неколку километри. За почеток, не се истоштувајте, бидејќи тоа ќе му создаде шок на вашето тело.

Доколку имате некаков здравствен проблем, прво консултирајте се со вашиот матичен доктор пред да почнете, но имајте предвид дека физичката активност носи подобро здравје  во текот на целата година. Пролетните денови се најдобри за почеток и одредување на ритамот на вежбање.