Доаѓа прекрасна недела за три знаци

Конечно, го чувствуваме крајот на ретроградниот Меркур, а оваа недела завршува и ретроградниот Плутон.

Иако доаѓа убава и романтична енергија за сите знаци, сепак три од нив ќе имаат најголема среќа.

ОВЕН

Ова е голема и значајна недела за родените во овој знак бидејќи во недела ја имаме полната Месечина во Овен. Тоа ќе направи да се чувствувате свои, самоуверени и подготвени за нови почетоци. Сезоната на Вагите ви носи независност, нешто што навистина ви е потребно во вашиот живот сега, а тоа дополнително ќе биде интензивирано со полната Месечина во вашиот знак. Ставете се себеси на прво место и уживајте во она што ви го носи оваа недела.

РАК

На 9 октомври, полната Месечина ќе ја осветли вашата десетта куќа на кариера и јавен имиџ, што ќе донесе период во кој ќе блеснете во сиот свој сјај меѓу колегите. Ќе бидете обожавани од шефовите, но ќе имате и огромна желба и ентузијазам за работа. Од друга страна пак, сезоната на Вагите ви носи ориентираност кон домот и семејството, па така оваа недела многу лесно ќе го најдете балансот меѓу работата и личниот живот и ќе знаете точно што е она што ве прави среќни. Уживајте!

ВАГА

Ова е ваша сезона  ваш период во кој можете да замислите роденденска желба, а универзумот да ги вложи сите напори за да го исполни тоа. Направете го она што ве прави среќни без грижа на совест дека некој би можел да се налути или погрешно да ве сфати. Венера е во вашиот знак, а таа ви носи и многу можности за љубов, отворете ги рацете широко за новите луѓе кои стануваат дел од вашиот живот.