Доаѓа прекрасна недела за три знаци

Последната недела од септември ќе биде прекрасна за три знаци.

Овен

Ова е недела посветена на луѓето кои ви значат, драги Овни. Не постои подобро време од ова за да ја почувствувате одличната енергија и да минете време со вашите блиски пријатели, но и да започнете романса. Ова е добар тајминг да започнете и нов проект и да се посветите на балансот во вашиот живот.

Девица

Ова е голема недела за вас бидејќи конечно Меркур престанува да се движи ретроградно и го почнува своето директно патување во вашата прва куќа на личноста. Тоа ќе ви донесе можност да ги соберете мислите, да ја вратите самодовербата и да се насочите кон она што ви е значајно. Што и да решите да направите, ќе биде успешно и ќе бидете задоволни со тоа. 

Вага

Ова е ваша сезона, а забавата штотуку почнува. На 29 септември, вашата владетелка Венера почнува да се движи низ вашата прва куќа што ви носи желба за љубов, романса и поврзување со другите. Сега е совршено време да излезете, да се забавувате, но и да им дадете шанса на другите луѓе да станат дел од вашиот живот. Ова е ваш период, прославете како што треба.