Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Ова е недела во која ќе се чувствуваме како да доаѓаат големи промени. 

Тоа е пред сè поврзано со младата Месечина која ни доаѓа на 11 мај и која ни ја носи можноста да поставиме јасни цели и да се фокусираме на нешто конкретно во нашиот живот.

Вистинската возбуда ни доаѓа на 13 мај кога Јупитер -  планетата на експанзијата, растот и авантурите навлегува во Риби. Ова е одличен транзит кој носи моќ да сакаме со отворено срце и да откриеме нови нешта.

Ова е недела која ќе биде интересна за сите знаци, но најпозитивните моменти доаѓаат за три хороскопски знаци.

Бик – за вас доаѓа нов почеток

Оваа недела се ослободувате од голем багаж од минатото. Време е да си простите себеси за грешките и да ги оставите зад себе. Веројатно се менувате во огромна брзина и тоа ви е чудно, а оваа недела ве очекува и љубов кон себеси, самодоверба, но и посветеност на личниот развој. 

Шкорпија – ја откривате својата креативна и романтична страна

Време е да се подготвите за романтична недела, но и романтични месеци пред вас. Јупитер ја активира вашата петта куќа на задоволство и изразување. Ова ќе ви донесе многу убави искуства и радост, но и приоритизирање на оние работи кои прават да бидете среќни. Животот е премногу краток за да држите бес во себе, а оваа недела ќе го научите тоа.

Риби – имате среќа оваа недела

Се чувствувате како среќата да е на ваша страна оваа недела. Со оглед на тоа дека Јупитер навлегува во Јупитер оваа недела, а вашите чувства ќе бидат интензивни. Ќе бидете инспирирани и отворени, а тоа ќе ви помогне да почнете да планирате ново патување, да учите нови нешта и да тргнете на спонтани авантури.