Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Оваа недела ќе биде прекрасна за три знаци.

Photo by Toa Heftiba on Unsplash

Близнаци 

Оваа недела, вашиот владетел Меркур преминува во вашата деветта куќа на духовност и ве повикува да ги проширите своите хоризонти и вашите системи на верување. Вие сте познати по својата љубопитност и директен пристап, па така по 11 февруари ќе можете да ја споделите својата перспектива со другите. Ова е одличен период да споделите како се чувствувате и храбро да се изборите за она што ви значи.

Рак

Оваа недела ви носи важни разговори во вашите романтични односи. Меркур и Плутон се спојуваат во вашата седма куќа на партнерства на 10 февруари и ви носат можност да поставите јасни граници, но и да не се плашите од тоа да бидете ранливи и искрени со луѓето кои го заслужуваат тоа. Не морате да им го подарувате своето срце на сите околу вас, но не ја кријте својата љубов поради стравот дека би можеле да бидете повредени.

Водолија

На 11 февруари, комуникативниот Меркур ќе премине во вашата прва куќа, поттикнувајќи ве да ги споделите своите чувства и мислења со другите околу вас. Вие секогаш размислувате иновативно и поинаку од другите, па тоа може да ве направи не толку популарни меѓу другите, барем на почетокот. Но, вашата вистина е ваша вистина и нема потреба да ја криете од другите. Имате многу да споделите.