Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Последната недела од владеењето на Лавовите ни носи одлични вибрации за сите хороскопски знаци.

Но, три од нив ќе имаат прекрасна недела.

Овен

Ова е голема недела за Овните бидејќи нивниот владетел Марс влегува во комуникативните и љубопитни Близнаци. Овој транзит означува многу значајно поглавје за вашата планета, а и за вас самите каде ќе бидете заинтересирани за учење нови вештини и интереси и ќе посакате да ја смените својата околина, односно да бидете со луѓе кои ве исполнуваат со позитивна енергија.

Близнаци

Штом Марс ќе влезе во вашиот знак ќе бидете бустирани со неверојатна самосвесност, но и позитивна енергија и виталност. Ова е важно за вас поради зголемената енергија и подобреното расположение кои ви носат многу можности, на сите страни. Многу работи ќе сакате да завршите одеднаш, но одете чекор по чекор.

Лав

Ова е последната недела од владеењето на вашиот знак, а со оглед на тоа дека Венера во вашата прва куќа прави тригон со Јупитер во Овен, ќе се чувствувате како да тргнувате на ново патување. Можно е да патувате вистински или пак да испланирате патување, но сето ова е во фигуративна смисла бидејќи ќе ви донесе чувство на нешто ново и свежо во вашиот живот. Ќе ви биде убаво, што и да решите да направите.