Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Оваа недела ни носи значајни транзити - ретроградниот Меркур во Близнаци, Јупитер во Овен и на крајот, лунарната еклипса во мистериозната Шкорпија.

Но,три знаци ќе имаат прекрасна недела. 

Овен

Изминатите шест месеци бевте посветени на тоа да се подобрите себеси одвнатре, а сега е време да ги соберете плодовите од својот напорен труд. Во вторник, Јупитер влегува во вашиот знак и вашата прва куќа на вашата личност. Тоа ќе ви донесе голема промена на енергијата, но и инспирација да се посветите на своите соништа.  Ако лунарната еклипса извади некои стравови на површина, сега не е време да се откажете, туку да се ослободите од  она што веќе не треба да биде дел од вашиот живот.

Бик

Ова е вашата сезона, но добрата вест е што се чувствувате расположено, позитивно и посебно. Ставате крај на некои тешки расположенија и спомени кои ве спречуваа да уживате во животот и конечно сте отворени кон иднината што и да донесе таа. Промените доаѓаат, а вие не треба да бегате од нив, бидејќи ви носат убави нешта.

Шкорпија

На 15 мај ни доаѓа лунарната еклипса во вашиот знак која е голем транзит за сите знаци, но особено за вас. Вие сте мистериозна личност која ја штити својата енергија, а лунарната еклипса во вашата прва куќа ви носи фокус на вашите најголеми тајни. Но, тоа не е ништо лошо. Се чистите од некои лоши чувства и спомени и се подготвувате за нови почетоци. Наскоро доаѓа бран на убава енергија за вас.