Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Врзете ги појасите, бидејќи навлегуваме во недела полна со романтични изненадувања, финансиска добивка и неочекувани подароци од универзумот.

Пред нас е сезоната на Биковите која ни носи и стабилност и практично размислување, но и конечно смирување на импулсивноста и лошото расположение.

Освен тоа, на 22 април Венера која е планета на љубовта и парите навлегува во Бик и ги здружува силите со непредвидливиот Уран. Тоа може да донесе независност, желба за слобода, но и убави настани кои не сте ги планирале.

Ова е недела која ќе биде интересна за сите знаци, но особено прекрасна за три од нив.

Бик – ова е ваша сезона и време е за забава

Време за возбуда и ова е вашата сезона во која треба да блеснете. Сега кога Сонцето е во вашата прва куќа на вашето јас, имате силни вибрации кои ви ја подигаат самодовербата и ќе ве направат похрабри во однос на целите кои ги имате. Овој период на владеење на вашиот знак е особено важна бидејќи ви носи себеоткривање, но и будење на еден дел од вас од кој досега или сте се плашеле или пак не сте ни знаеле дека постои. Ова е убаво патување за вас, уживајте во него.

Девица – се чувствувате романтично, креативно и радосно

Вашата уметничка страна се буди оваа недела, а доаѓаат и интересни мигови кога ќе се потрудите убаво да го исполните своето слободно време сосема заборавајќи на работата. Оваа енергија е одлична за вас бидејќи буди една убава страна од вас која беше заспана во текот на зимскиот период. 

Јарец – време е да се нурнете во непознатото

Доаѓаат неочекувани авантури кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ве охрабрат да направите чекор напред кон патеката која ретко ја избирате. Се менува вашата перспектива и откривате нова филозофија на која не сте ни помислувале претходно. Можно е да откриете нови можности и знаење на теми и области кои не ви биле интересни порано. Бидете спонтани, а тој пристап може и да ви го промени животот.