Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Оваа недела ни носи романтични и сензуални моменти.

На 14 април, Венера планетата на љубовта влегува во Бик, а тоа ни носи период на стабилност во нашите врски, романтично и практично размислување, но и мир. Оваа недела ни носи мирно патување и со тоа што Сонцето е во Овен правејќи секстил со оптимистичниот Јупитер. Тоа ни носи и самодоверба и мотивација да бидеме подобри на сите полиња.

Пред нас е недела носи убави мигови за три хороскопски знаци.

Овен

Можеби ќе ја поминете неделата обидувајќи се да си се докажете на себеси, или пак пред другите. Имате некое чувство дека луѓето не ве ценат, но тоа не е точно и немојте да анализирате. Вие сте моќни и и динамични, а другите веќе го знаат тоа. Стравот дека сте незабележани ќе ви донесе поттик да бидете уште подобро. Искористите го тоа за да ги осознаете своите силни страни.

Ова е недела во која другите навистина ќе ве обожаваат и тоа ќе го подобри вашето расположение. Важно ви е да се чувствувате важни и ценети, а ќе го искористите времето и да се поврзете со своите сакани. Ова е ваша сезона, искористете ја. 

Бик

Вашите мисли можеби би можеле да ве однесат на темни и мистериозни места оваа недела, но ќе бидете изненадени колку се крие во вашата потсвест. Оваа недела е недела на пролетно чистење на вашиот ум, но и залечување од вашите лоши спомени. Дури и да се соочите со лоши моменти, ова го гради вашиот карактер. 

Дополнително, Венера влегува во вашиот знак што ќе ве направи неодоливи за другите. Ќе започнете повеќе да се социјализирате со другите иако е пандемија, но и ќе бидете обожавани во различни друштва и аспекти.

Близнаци

Оваа недела ви носи убава авантура но и енергија и ентузијазам со кои ќе постигнете многу. Ќе посакате да патувате и да го видите светот, но иако не можете да го направите тоа, ќе направите пролетно чистење на вашите цели и ќе испланирате поубави мигови за идните денови. Уживајте во патувањето.