Првиот месец од 2022 година е исполнет со многу предизвици и транзити.
Венера и Меркур се движат ретроградно во Јарец, па така комуникацијата нималку не е едноставна. Сезоната на Јарците завршува, а сега веќе почнува владеењето на Водолијата која ни носи екстровертна енергија и поинаква енергија.
Таа носи и прекрасна недела за три знаци.
Близнаци - тргнувате на авантури кои ви го одземаат здивот
Оваа недела, подготвени сте да излезете од вашата сигурна зона. Со квадратот на Сонцето со Уран, ќе ги тестирате своите граници и ќе откриете нови нешта. Вашето срце ќе биде подготвено за авантури и ќе потскокнува од среќа. Единствено внимавајте на влијанието на ретроградниот Меркур и сè ќе биде во ред.
Вага - се чувствувате добро во своја кожа и подготвени сте да се вљубите
Постои светло на крајот на тунелот, а вам потребна ви е нова визија за да го видите тоа. Венера го завршува своето ретроградно движење и тоа ви носи подобра комуникација со другите, но и можност за романса. Но, внимавајте бидејќи Меркур се движи низ вашата четврта куќа и може да направи да имате чувство на непријатност.
Водолија - се чувствувате како голем товар да паѓа од вашите рамења
Се враќате во својата најдобра позиција и се враќа и вашата самодоверба. Привлекувате позитивни луѓе околу себе и полека бегате од хаосот со кој се соочувавте изминатиот период. Потсетете се на она што ве прави среќни и уживајте во тоа.