Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Ако работите ви делуваат како да стагнираат, дефинитивно можеме да го обвиниме хороскопот за тоа.

Венера и Меркур се ретроградни, што значи дека комуникацијата е потешка, а одредени работи во нашиот живот се побавни и похаотични од вообичаено. Сепак, главниот фокус е на полната Месечина во Рак која го осветлува небото во понеделник и ни носи комплетирање на некои циклуси. 

Но, за среќа, доаѓа прекрасна недела за три знаци.

Рак

Раковите се соочуваа со многу конфликти и несигурност во последно време, а сето тоа се должи на влијанието на Венера, која е планета на љубовта. Нејзиното ретроградно движење ве натера да размислувате за некои аспекти од вашиот живот, но и за она што сакате да го промените. Сега, со полната Месечина во вашиот знак добивате сила и самодоверба да се изборите за она што ви значи и да ги направите промените кои ви се потребни.

Водолија

Оваа недела завршува владеењето на практичните Јарци и ни доаѓа вашата сезона. Тоа значи дека ќе ги откриете своите најсилни квалитети и ќе ги искористите на најдобар можен начин, а притоа ќе бидете неодоливи за луѓето околу вас. Меркур е ретрограден, но за вас тоа не е ништо лошо, туку тој ви носи можност да учите, комуницирате и на што да обрнете внимание. 

Риби

Оваа недела ќе биде особено убава за претставниците на овој знак. Полната Месечина настапува во вашата петта куќа на креативност и самоизразување, а тоа значи дека ќе се чувствувате моќно, особено ако се занимавате со креативна работа. Вие можеби сте возрасна личност, но овој транзит го буди детето во вас и ви носи насмевка на лицето.