Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Оваа недела, со владеењето на Стрелците имаме убава и позитивна енергија која нè подготвува за празничната сезона.

Освен тоа, на 1 декември Нептун ќе го почне своето директно движење кое ќе ви помогне да се ослободите од негативните мисли и со Месечината во Шкорпија ќе најдеме нов начин да гледаме на работите. 

Ова ќе биде продуктивна недела за повеќето знаци, но највеќе среќа доаѓа за три од нив.

Бик

Вие постојано се движите меѓу тоа да размислувате премногу и да не мислите ништо и овој начин на функционирање ве истоштува веќе некое време. 

Во изминатиот период ја истражувавте својата вредност и самодоверба, но оваа недела ви носи важни одговори во однос на тоа и можност да почнете повеќе да верувате во себеси. Ќе добиете и можност да ги балансирате ваквите емоции, да постигнете баланс и да видите што ви е важно во животот. 

За некои Бикови, ова може да е недела во која некој можеби ќе ја покаже својата љубов кон вас на неочекуван, изненадувачки начин. 

Стрелец

Ова е ваша сезона и ќе почнете да добивате признанија -  нешто на што сте чекале во текот на целата година. Ќе утврдите дека не секогаш ви е потребно да бидете зафатени и да трчате низ животот, туку да најдете и мир и баланс и да поминете време со оние кои ви се важни.

Така ќе го најдете мирот и ќе уживате во оваа недела, но и во преостанатите денови кои ги носи оваа сезона. За вашата роденденска сезона, покажете си себеси што ви е важно, но кажете им го тоа и на другите околу вас.

Јарец

Оваа недела за Јарците е посветена на професионалниот живот, но ви носи и можност да добиете поддршка од своите сакани.

Ќе добиете можност да здивнете, но и да си покажете себеси дека не морате да ги исполните туѓите очекувања. За некои Јарци, оваа недела е и можност да рефлектирате во однос на тоа колку сте среќни во љубовта. Одлична недела во целост, уживајте во неа.