Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Доаѓаме до крајот на ретроградниот Меркур,а  наскоро ни завршува и сезоната на Вагите.

Ова е период на трансформација, поврзување со другите на подлабоко ниво, но и подобра комуникација. Оваа недела носи убави мигови за три знаци.

Вага – чувствувате силна желба да се изразите

Оваа недела, имате силна желба да бидете свои, но и да се забавувате. Уживајте во последната недела од владеењето на вашиот знак и искористете ја енергијата за да бидете свои и креативни. Ако постојат проекти на кои сакате да се посветите, ова е вистинскиот период за тоа. 

Шкорпија -  подготвени сте за вашата сезона

Подгответете се за вашата сезона во која ќе блеснете во својот стил. Ова е период во кој ќе успеете да анализирате колку далеку сте стигнале, да го измерите својот прогрес, но и да уживате во убавите моменти и успехот кој доаѓа.  Искористете ја мудроста која ја стекнавте и планирајте каде сакате да бидете.

Стрелец -  чувствувате силна позитивна енергија

Се наоѓате во еден од најубавите транзити и се чувствувате како позитивната енергија да ве следи каде и да одите. Тоа е поради што Венера, планетата на љубовта, луксузот и пријателството минува низ вашиот знак и ви носи неверојатен шарм и позитивни вибрации. Искористете ја можноста да уживате во тоа да бидете најнеодоливата личност насекаде.