Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Сонцето престојува во практична и приземјена Девица, но тоа не значи дека оваа недела ќе биде стабилна за нас.

Иако сезоната на Девиците ни носи важни увиди и ориентираност кон деталите, таа исто така прави да бидеме опседнати со фактите и да заборавиме како се чувствуваме.

Но, ако сте еден од овие три знаци, ве очекува прекрасна недела.

Бик – наоѓате нови начини да ја продлабочите перспективата за забава

Ова е еден од најубавите периоди за вас кога уживате во тоа да сте човек кој се забавува, се смее и заборава на сите неволји. Без оглед на сè, вие сте фокусирани на забавата и убаво ви е. Но, оваа недела космосот ве охрабрува да откриете и што е она што ве прави среќни и исполнети. Можеби е нешто подлабоко од вообичаената забава на која што сте навикнати.

Девица – вашите креативни инстинкти цветаат

Оваа недела, до израз доааѓаат вашите креативни можности. Не морате да се сметате себеси за уметник за да го постигнете тоа, бидејќи уметникот се крие во секој од нас на сите можни начини. Можеби сакате да прочитате нова книга, да ги бојадисате ѕидовите во вашиот дом или пак да ги видите работите околу вас поинаку и поотворено. Ваш е изборот.

Вага -  уживате во она што ви го нуди животот и не запирате

Оваа недела, планетата на акцијата и агресијата Марс влегува во вашиот знак  носејќи ви огромна енергија и мотивација. Ова е одличен период за вас, но само бидете внимателни како ги водите своите битки. Ова е и значаен момент за вас да промените некои работи кои одамна сте ги посакувале.