Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Оваа сезона им припаѓа на Лавовите, а тоа ни носи можност да го извадиме најдоброто од себе и да се забавуваме.

Додека Сонцето престојува во овој самоуверен и романтичен огнен знак, се наоѓаме во убав период кога сме водени од инстинктите, веруваме во себе, но и се препуштаме и на романсата. 

Оваа недела ќе биде особено убава за три хороскопски знаци

Овен -  откривате креативно будење

Младата Месечина која ни доаѓа во недела ви помага да го разбудите детето во себе и да уживате во животот. Имате можност да се изразите себеси, да го најдете она што ве прави среќни и да се посветите на тоа без изговори. Без сомнеж во себе, ќе тргнете напред и ќе доживеете убави моменти. 

Лав -  ова  е една од вашите најубави недели

Ова е недела која ви носи одлична можност да бидете храбри и да уживате во животот и сите можности кои тој ви ги носи. Младата Месечина во недела која настапува во вашиот знак ви носи чувство како да почнува нова ера за вас. Тоа може да не биде силно видливо за вас на почеток, но е одлична фаза која ве носи во нови води. Ништо не може да застане на вашиот пат, се додека верувате во себеси.

Девица – магијата е во вас но и околу вас

Доаѓа еден вид на авантурстичка енергија во вас оваа недела, особено бидејќи вие не сте најголем авантурист во хороскопот. Имате шанса да уживате во едно искуство, кое е убаво, но поинакво. Долго време посакувавте нешто ново во вашиот живот, а тоа се случува токму сега. Направете си услуга и допуштете им на сите можности да се случат и уживајте во магијата која ви ја носи оваа недела.