Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Го поздравуваме доаѓањето на сезоната на Лавовите.

Оваа недела е исполнета со астролошки настани и промени кои се возбудливи. Ја завршуваме сезоната на владеење на емотивните Ракови и полека навлегуваме во период кој ни носи самодоверба и храброст, поради владеењето на Лавовите. Време е за ново патување и убав дел од летото.

Оваа недела ќе биде прекрасна за три знаци.

Лав – ова е ваша сезона

Време е да ја ставите својата круна и да уживате во својата сезона. Се чувствувате како внимателно да ги чекавте своите пет минути, а сега е време да блеснете во својот сјај. Вие сте еден од најхрабрите и најхаризматичните знаци, а милион можности доаѓаат за вас оваа недела кои само треба да ги зграбите. Време е да се вратите во центарот на вниманието, онаму кадешто вистински припаѓате.

Девица – се чувствувате атрактивно и посакувано

И покрај сезоната на Лавовите, вие ќе бидете најпосакуваниот знак оваа недела. Тоа е благодарение на Венера која влегува во вашиот знак и ви носи позитивни вибрации. Се чувствувате како сета љубовна магија да е насочена кон вас и отворени сте за најубавата романса во вашиот живот. 

Водолија -  ова е вашето најубаво патување

Оваа недела ќе доживеете силна поттикнувачка енергија, благодарение на полната Месечина во вашиот знак. На моменти, ќе се чувствувате како да ви е непријатно, како голем бран да доаѓа кон вас, но тоа ќе ве разбуди и ќе ви донесе убаво чувство штом бранот помине. Време е за лични промени, кои некогаш се страшни, но доаѓаат за добро.