Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Пред нас е убава недела.

Photo by Chad Madden on Unsplash

Но, особено прекрасна за три знаци.

Близнаци

Со влегувањето на вашиот владетел Меркур во Водолија, ќе бидете отворени за нови аспекти од себеси, но и светот. Сезоната на Водолиите ве поттикнува да размислувате за патување, за учење и осознавање нови хоризонти. Ова може да придонесе да се оддалечите од одредени пријатели, со цел да се видите себеси низ нови очила. Дајте го најдоброто од себе за да им кажете отворено на луѓето ако ви е потребен простор. 

Девица

Родените во овој знак се чувствуваат како да започнуваат сосема ново поглавје. Добро е да останете љубопитни за промените кои се случуваат. Вашето физичко и ментално здравје се подобрува и се ослободувате од психичките тешкотии кои беа дел од вашиот живот во изминатиот период. Ова е време кое ви носи големи промени, па затоа не се плашете да се препуштите на непознатото.

Водолија

Ова е ваша сезона, кога Сонцето патува во вашиот знак и ве подготвува за ново поглавје во вашиот живот. Освен тоа, Плутон е во вашиот знак, што има потенцијал целосно да го смени вашиот идентитет во следните неколку месеци. Верувајте му на процесот, но и практикувајте нови начини кои ќе ви помогнат да изградите сосема нова верзија од вашата личност.