Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Кои знаци ќе имаат убава недела?

Photo by Jon Ly on Unsplash

Бик

Светот е ваш, драги Бикови. Оваа недела, два планетарни настани се случуваат во вашиот знак. Прво, на 16 мај, Јупитер влегува во вашиот знак каде ќе остане цела година. Имајте на ум дека ова е планета на среќата, која ќе ве направи најсреќниот знак во зодијакот до следниот мај. На 19 мај, младата Месечина е во вашиот знак, а тоа ви носи можност да постигнете одредена цел која одамна ви значела. Таа ве повикува да погледнете како изгледа вашиот живот и да направите промени за да се чувствувате подобро. Вашиот идентитет се менува. Прифатете го тоа дека сте му фаворити на универзумот оваа недела.

Рак

Оваа недела, Марс е во вашиот знак уште неколку дена, а тоа за вас е знак да си дадете љубов и да престанете да бидете толку самокритичи. Јупитер влегува во Бик во вторник што вам ви носи поголема среќа и просперитет, особено она што е поврзано со пријателите или пак некои групи на луѓе. Можно е да бидете почувствителни за време на младата Месечина во петок, но добро е да замислите желба и да гледате како таа се исполнува. 

Лав

Оваа недела носи огромни промени во ваша корист. Јупитер, планетата на среќата ви го носи токму она што го посакувате. Ќе се чувствувате како вашите желби конечно да се слушнати и да можете да уживате во она што доаѓа. Во сабота, Марс (кој е познат како планета на акцијата) влегува во вашиот знак каде ќе остане во следните шест недели. Тоа ви носи подобра енергија и мотивација. Искористете го викендот и младата Месечина која тој ја носи за да направите промени во вашата кариера.