Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Три знаци ги очекува прекрасна недела.

Photo by Joshua Fuller on Unsplash

Овен

Ова е ваше време за да блеснете. Вашата сезона почнува во понеделник, а потоа ни доаѓа и младата Месечина. Среќен роденден! Оваа недела ви носи голема радост, исполнување на вашите желби и подобрување на комуникацијата со луѓето околу вас. Плутон влегува во вашата зона на групи и пријатели, каде ќе остане во следните 20 години. Подответе се за многу нови пријателства, тимска работа и лидерство.

Рак

Планетата на акцијата Марс влегува во вашиот знак во сабота, што значи дека треба да се подготвите за моќна енергија во следните 2 месеци. Она што ќе го иницирате, ќе може да се оствари, па затоа насочете се кон она што ви значи. Насочете се кон тоа да го постигнете она што ви е важно, а ако дојде негативна енергија која поттикнува конфликти, смирете ја и насочете се кон нешто позитивно.

Лав

Вашата енергија е прекрасна оваа недела. Ќе се посветите на патувања, подобрување на вашите вештини и разговори кои ќе ве поттикнат да ги проширите своите хоризонти. Во четврток, Плутон ќе ви помогне да ја откриете својата моќ, а оваа планета таму ќе остане во текот на следните 20 години, па затоа подгответе се за големи нешта.