Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Сонцето е надвор, уживаме во пролетта, а во воздухот постои надеж дека доаѓаат подобри денови.

Ова е недела во која Сонцето преминува од амбициозниот и практичен Бик во разиграните и дружељубиви Близнаци. Тоа ни носи посилна самодоверба, но и поврзаност со другите околу нас. 

Работите се менуваат, а  ова ќе биде прекрасна недела за три знаци.

Близнаци -  ова е ваша сезона, време е за славење

Енергијата оваа недела е исполнета со позитивно расположение и возбуда, особено за вас. Не само што почнува вашата сезона, туку и Венера е во Близнаци и формира тригон со Сатурн. Тоа ќе ви донесе посилна самодоверба и ќе ве охрабри да тргнете да се изборите за најдоброто. Време е за успех!

Вага -  се нурнувате во авантура

Сонцето влегува во вашата деветта куќа на експанзија и слобода, па можно е да чувствувате поголемо ниво на самодоверба и желба за авантура, посакувајќи повеќе спонтаност во вашиот живот. Ова е духовен период за вас, но и време кога треба да уживате во моментот. Раширете ги крилјата и најдете ја храброста во вас која ќе ви помогне да полетате. 

Водолија -  расположени сте да се забавувате и да се смеете

Ова е сезона на Близнаците, а тоа ќе ви донесе голема желба за забава. Сонцето влегува во вашата петта куќа на креативност и страсти носејќи ви можност полесно да се изразувате. Постои мало детенце во вас кое ќе се разбуди оваа недела, па така пуштете го да прави што ќе посака. Поврзете се со таквиот инстинкт.