Доаѓа прекрасна недела за 3 хороскопски знаци

Веројатно очекуваме сезоната на Шкорпиите да биде темна и мистериозна со многу силни емоции и опсесивни мисли. Но, таа носи убави моменти за 3 хороскопски знаци.

Близнаци – наоѓате романса и значење во сè околу вас

И покрај тоа што Меркур вашата владејачка планета е во своето ретроградно движење, сепак оваа недела ќе биде навистина убава за вас. Венера навлегува во вашата романтична петта куќа на забавата и задоволството, овозможувајќи ви да си ја вратите самодовербата и да флертувате со оние кои ви се допаѓаат. Делувајте мудро и промислено и можете да освоите кого и да посакате.

Вага – се чувствувате атрактивно и обожавано

Иако веќе не сме во сезоната на Вагите, многу работи се одвиваат околу вас. Сепак, оваа недела Венера вашата владејачка планета влегува во вашиот знак, што значи дека ова ќе биде најубав дел од годината за вас. Ништо нема да биде совршено, но ќе ви изгледа така и ќе бидете многу среќни оваа недела.

Шкорпија – работите ви стануваат јасни на љубовно поле

Оваа полна месечина влегува во вашата седма куќа на партнерства што ќе ви донесе поголемо разбирање за вашиот љубовен и социјален живот. Тоа ве носи поблиску до луѓето кои ви значат. Откријте како се чувствувате, заборавете на својата мистериозност и покажете колку љубов лежи во вас.