Доаѓа прекрасна недела за 3 хороскопски знаци

Ако се соочивте со фрустрација дека работите не се одвиваат доволно брзо, не сте сами. Се наоѓаме во специфичен астролошки момент – ретрограден Марс, кој прави да се чувствуваме како да ни е блокирана страста.

Освен тоа, познатиот Меркур тргнува ретроградно на 13 октомври, со тоа што можеби ќе се соочиме со проблеми во комуникацијата и одредени доцнења. Но, тука е убавината на Младата месечина која успева да ги поправи работите.

Сепак, оваа недела носи одредена убавина и магија за 3 хороскопски знаци.

Близнаци – уживате во уметничкиот и креативниот потенцијал

Оваа недела, доаѓате до својата јасност, драги Близнаци. Многу работи беа дел од вашиот живот изминатиот период, но конечно ќе успеете да здивнете и да најдете време и енергија за себе. Оставете ги зад себе работите и луѓето кои не ви носат ништо добро. Кои сакате да бидете? Каде сакате да одите? Имате многу опции.

Вага – ја враќате својата моќ

Младата месечина е моќен момент за вас. Таа покажува одреден нов почеток, како и посејување на семето за раст и успех. Не постои подобро време од сега за правење планови за иднината. Оваа година беше тешка за вас, минавте низ големи лични промени и себеприфаќањето не беше лесно. Но, сега имате моќ да ја вратите контролата во својот живот и да бидете она што сакате да бидете.

Водолија – доаѓаат нови можности

Дали сте уморни од истата рутина? Постојано се чувствувате како да сте заглавени во една монотонија, но оваа недела го менува тоа. Светот се движи бавно, но тоа не значи дека и вие морате да го правите тоа. Како можете да поканите повеќе спонтаност во вашиот живот? Универзумот ви порачува да си верувате себеси. Никогаш нема да знаете дали нешто е добро за вас, ако не пробате.