Доаѓа прекрасна недела за 3 хороскопски знаци

Енергијата е хаотична во текот на овие денови, па би можеле да се чувствуваме како да одиме во повеќе насоки истовремено. 

Сите знаци ќе се соочат со мал хаос, но оваа недела носи убави моменти за родените во Вага, Близнаци и Девица.

Близнаци – вашиот живот е исполнет со љубов  и романса

Оваа недела ќе ви биде тешка, но ќе бидете подготвени да ја видите големата слика и да се радувате на малите нешта. Детето во вас е подготвено за игра, па затоа искористите го тоа и сетете се дека е време за забава, иако условите можеби се тешки. Отворете го срцето за нови луѓе, погледнете на светот околу вас и запаметете дека насмевката е најдобар лек. 

Вага -  се чувствувате поблиску до оние кои ги сакате

Полната месечина во вашето поле на партнерства ќе го размрда вашиот свет на 1 октомври, правејќи ве чувствителни и полни со емпатија. Се чувствувате фокусирани и сакате да поминете време со оние кои ги сакате. Време е за љубов кон оние кои ви значат. Отворете го срцето!

Девица -  се сакате себеси

Имате многу причини да се чувствувате возбудено. Венера влегува во вашиот знак на 2 октомври, носејќи ви големо уживање во љубовта. Луѓето околу вас ќе ве обожаваат и ќе ви се восхитуваат, па затоа обрнете внимание на оние кои се околу вас овој период. Од сите комплименти кои ќе ги добиете, најважни се оние кои ќе си ги дадете себеси.