За четири дена се слави празникот Благовештение, Цветници годинава се слави на 13. април

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, претстојниот период, верниците слават два големи празници. Благовец и Цветници се двата значајни дена кои носат радосни вести и се празници на пролетната убавина. 

На 7. април според новиот (или на 25 март според стариот) календар се слави Благовец. 

Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и слично, се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“. Именден празнуваат: Благоја, Блаже, Благојка, Благица, Блага, Благун .... 

Цветници годинава се паѓа на 13. април. 

Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.