Доаѓа периодот на Стрелците

Родените во знакот Стрелец се љубопитни и енергични. Тие се најголемите патници и авантуристи во хороскопот. Нивниот отворен ум и филозофски поглед во животот ги мотивира да гледаат подалеку и постојано да ја бараат смислата на животот. 

Тие се екстровертни личности, оптимисти и ентузијасти кои тешко можете да ги задржите на земја. Стрелците сакаат промени и за нив тие се од огромна важност за да се чувствуваат добро.

Стрелците ги претвораат своите мисли во конкретни акции и често одат „боси низ трње“ за да ги остварат своите цели. Како и останатите огнени знаци, тие имаат потреба постојано да се во контакт со светот за да искусат што е можно повеќе. Не им е во природа да седат дома и да чекаат да им се случи нешто. Наместо тоа, тие ќе иницираат нешто и ќе се потрудат да ги земат работите во свои раце.

Владејачката планета на Стрелецот е Јупитер, најголемата планета во хороскопот. Бидејќи Јупитер е двигател на судбинска среќа, не е ни чудо што на Стрелците среќата секогаш им е наклонета. Ентузијазмот на Стрелците нема граници и затоа тие поседуваат одлична смисла за хумор, желба за забава и голема љубопитност.

Проблемот со Стрелците настанува кога ќе им оставите потполно одврзани раце. За нив слободата е најважна, но знаат и да претераат. Поради својата искреност, често се нетрпеливи и премногу директно и затоа потребно е да се контролираат и да се потрудат да бидат потактични.

Оние кои се родени во знакот Стрелец се разиграни и весели и секогаш уживаат во забавата. Стрелците не се од оние луѓе на кои им е најважен партнерот во животот. Тие знаат да бидат сами, сакаат да се дружат, а за нив љубовта е само дополнителна вредност. Имаат многу добра интуиција и чувство за партнерот и љубовта и ним им  значи кога тој е интелектуален, чувствителен и лесно може да ги изрази своите чувства.

Во пријателството понекогаш се дури и премногу луди, и потребни им се пријатели кои можат да се носат со нив. Стрелците сакаат да се дружат и забавуваат и да се вклучени во различни случувања. Сакаат различни начини на живеење и култури и лесно стекнуваат пријатели во светот. Великодушни се и никогаш нема своите пријатели да ги остават на цедило, но се тип на луѓе кои себеси секогаш ќе си се стават на прво место.

Во однос на кариерата, кога нешто ќе замислат, тоа сакаат и да го остварат. Едноставни се, не трошат зборови за џабе и знаат да се снајдат во многу ситуации. Одлични се како трговци, а уште подобри кога работата вклучува патувања.

Силни страни – великодушност, изразена смисла за хумор, идеалисти.

Слабости – нетактичност, повеќе ветуваат отколку што можат да остварат, знаат да бидат груби.