Доаѓа период на Овните: Што им носи на хороскопските знаци?

На 21 март започнува сезоната на Овните.

Photo by Andrey Zvyagintsev on Unsplash

Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Ова е ваша сезона, драги Овни. Сите очи се кон вас, а на 25 март, вашата владејачка планета Марс влегува во Рак, осветлувајќи ја вашата куќа на домот и семејството. Ова е совршен ден да се посветите на вашите најблиски. За некои Овни, тоа би можело да отвори важни разговори поврзани со вашето семејство. Без оглед на тоа дали почнувате ново семејство, или пак сте насочени кон реновирање на домашниот простор, најдобро е тоа да е околу 25 март.

Мантра: Се поврзувам на подлабоко ниво со мојот дом и семејство.

Бик

За Биковите, сезоната на Овните носи задоволство. Кога вашата владејачка планета, ќе влезе во Близнаци на 11 април, ќе чувствувате силна страст и сензуалност. Ова е момент за уживање, добра храна и задоволство. Тоа би можело да ви донесе и подобри приходи. Ако сте насочени кон подобрување на вашата кариера, важно е да знаете дека овие денови ви носат голем успех, а за слободните Бикови, ова е одличен период за романса.

Мантра: Уживам целосно во сите мали нешта.

Близнаци

За Близнаците, периодот на Овните значи хармонија и баланс. Насочете се кон оние нешта кои се надвор од вашата контрола. Полната Месечина во Вага на 5 април е важен датум во календарот, што може да ви помогне да се ослободите од некои проблеми и предизвици кои ви создаваат проблеми. Со влегувањето на Венера во вашиот знак на 11 април, ќе почувствувате промена на енергијата и зголемен фокус кон љубовта.

Мантра: Работам активно за да постигнам баланс во мојот живот.

Рак

Огнената енергија на Овните ве поттикнува да се насочите кон физичка активност. Кога огнениот Марс ќе влезе во вашиот знак на 25 март, ќе бидете позаинтересирани за дружење, па и задоволство. Ова е одличен момент да се поврзете подобро со саканата личност или пак некој нов во вашиот живот. 

Мантра: Подготвен/а сум за сите предизвици.

Лав

Лавовите ќе бидат екстровертни социјални пеперутки и ќе се фокусираат на пријателствата. Венера влегува во Близнаци на 11 април и ви помага да се поврзете со другите луѓе, да бидете отворени за нови пријателства, но и да им дадете шанса на оние на кои им се допаѓате. Ќе почувствувате силен бран на позитивна енергија.

Мантра: Секогаш се добредојдени нови пријатели. 

Девица

Девиците ќе бидат посветени на грижата на себеси. Важно е да најдете време за добар сон, убава храна и физичка активност. Тоа е главниот фокус кој ви го носи сезоната на Овните.

Мантра: Се грижам за себеси за да можам да се грижам за другите.

Вага

Сезоната на Овните носи голема промена во вашиот живот. Ќе бидете фокусирани на вашите врски со другите луѓе. На 13 април, астероидот Џуно кој управува со посветеноста, ќе влезе во вашата куќа на партнерства. Тоа ќе ви донесе поголема самодоверба и подобро поврзување со луѓето околу вас. Ќе бидете искрени и отворени и ќе уживате во хармонијата.

Мантра: Ја зборувам својата вистина.

Шкорпија

За Шкорпиите, ова е период кој носи силен фокус на нивната среќа. На 21 март, ни доаѓа младата Месечина во Овен, а тоа е и почетокот на пролетта, што ќе ви донесе позитивна енергија и радост. Вообичаено, младите месечини означуваат нови почетоци, а ова е одлично за нешто ново за вас. 

Мантра: Подготвен/а сум за нови нешта.

Стрелец

Сезоната на Овните носи фокус на задоволствата во вашиот живот. Ќе бидете страствени и сензуални и заинтересирани за нови нешта. Марс влегува во вашата седма куќа на партнертва на 25 март, а тоа значи возбуда и задоволство. Подгответе се за влез во нова врска, среќавање на вашата сродна душа или пак продлабочување на врската во која што сте.

Мантра: Воден/а сум од страста.

Водолија

На 23 март, моќниот Плутон влегува во вашиот знак, а тој носи револуционерна промена во вашиот живот. Ќе забележите исполнување на многу ваши желби, а ќе забележите и промена на енергијата. Подгответе се за прогрес и силен личен развој. 

Мантра: Подготвен/а сум за нова верзија од себе.

Риби

Завршува вашата сезона и полека навлегуваме во сезоната на Овните. Ова е одлично време да се посветите на релаксација, хармонија и уживање. За некои од вас, кога строгиот Сатурн ќе влезе во вашиот знак на 7 март, тоа може да донесе зависност и невнимателно однесување. Чувајте се.

Мантра: Се грижам за себеси.