Доаѓа ноќта и сите мои стравови излегуваат на површина...

Доаѓа ноќта и сите мои стравови се поголеми. Доаѓа ноќта и се плашам од сѐ, па дури и од својата сенка. Доаѓа ноќта и почнуваат да ме прогонуваат комшари, некои стари лица, стари недовршени разговори, нови проблеми, преголеми очекувања, нови разочарувања, па се плашам и од минатото и од сегашноста, а најмногу од иднината. Знам дека не би требало да се плашам, особено од иднината, но доаѓа ноќта и сите мисли ми се превртуваат во глава.

Доаѓа ноќта, па плачам во тоалетот, за да не ме слушнат мажот и децата, затоа што за нив секогаш сум силна. Доаѓа ноќта и тогаш сѐ ме стигнува. Срцето ми чука, мозокот интензивно ми работи, се чувствувам како да се борам за воздух и постојано се прашувам:

„Каде погрешив денес?“
„Што не успеав да направам денес и морам да го направам утре?“
„Дали доволно добро готвев денес?“
„Дали ги облеков како што треба?“
„Боже, извини што ова го преиспитувам, но дали денес ги сакав доволно?“

Вечерва ќе дојде ноќта за секоја жена на планетава Земја.
И сите подеднакво ве разбирам.
Наутро ти си силна жена, па потоа и попладне си силна, па потоа наоѓаш сила да бидеш силна и во квечерината. Но, што кога ќе дојде време да легнеш? Колку ноќи по ред имаш плачено додека се тушираш? Зошто се кршиш на милион парчиња пред да заспиеш? 

Ти секогаш си силна драга, а да бидеш најсилна е навистина тешка задача. Мораш барем навечер да одмориш, затоа што ноќта е само твоја. Не им ја давај на другите. Конечно доаѓа ноќта, а тогаш немој воопшто да размислуваш. Исклучи се од сѐ, затоа што знаеш што?

Сите тие проблеми и обврски ќе си бидат на истото место и утре. Никаде нема да заминат, но ти барем на неколку часа ќе отидеш на заслужен одмор – одмор кој навистина ти е потребен. Доаѓа ноќта и ти лавице треба да се наспиеш. Јас ти честитам затоа што беше силна цел ден. Ти честитам, затоа што знам дека другите не го направија тоа. Сега е време да бидеш принцеза и да се стуткаш во твојата топла постела. За момент заборави на сите свои обврски, проблеми, задачи, сметки, сѐ.  

Барем за момент сфати дека си важна. Дека вредиш, дека треба да се цениш. Биди си приоритет барем на неколку часа за да можеш да ги наполниш своите истрошени батерии, затоа што ако не бидеш нежна кон себеси, кој ќе биде, драга?

Доаѓа ноќта, а по неа доаѓа ново утро. Ново утро кое треба да го цениш затоа што си се разбудила одморена, здрава, наспана и со полни батерии. Помина ноќта, а ти си цела и подготвена за сѐ што ќе ти донесе животот. Честитам што синоќа се одмори и што едвај ја чекаш новата ноќ за да потонеш во мирни и спокојни соништа.