Доаѓа ли крајот на брзите кредити?

Министерството за финансии подготвува нов закон со кој ќе се ограничат трошоците кои ги наплаќаат банките, ќе биде одредена годишна стапка на вкупни трошоци што банкарите ќе може да им ги наплатуваат на своите клиенти, но се уште нема никакви информации како тоа ќе се изведе и за колкав износ станува збор, објави Канал 5.

Како што соопштуваат од министерството, целта на оваа одлука е граѓаните да не плаќаат прекукмерни трошоци за потрошувачките кредити и да се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на лицата што имаат проблеми со отплата на кредитите, а целосната верзија на предлог законот ќе биде објавена во текот на оваа недела.

Ваквата одлука се должи на експанзијата на фирми кои нудат брзи кредити без камата, каде сепак за заем од 12 000 денари и рок на отплата од 6 месеци - на крајот треба да се вратат и до 18 000 денари.

Познавачите на проблематиката ги советуваат банките да бидат претпазливи при доделувањето на кредити, бидејќи кога расте задолжувањето на граѓаните тоа е сигнал дека нивните приходи не им стигнуваат да ги трошат за целите кои планирале.