Доаѓа циклон од Атлантикот, носи пролет во февруари

Силен циклон над Атлантикот од денес па во следните денови на европскиот континент и кај нас ќе услови стабилно, суво и сонцево време, објавува метеорологот Славчо Поповски.

Темперауите ќе бидат над просекот за овој период, а ветерот кој го имавме од северен правец од денеска ќе намалува на интензитет.

Минималните температури на воздухот овој викенд кај нас на повеќе места ќе се спуштат под нулата, пораст ќе има од понеделник.

Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на значителен пораст и следниот период ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени и истите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината.