
Граѓаните реагираат за драстичниот скок на цената на костените во пресрет на Бадник.
Велат не може преку ноќ, костените од 100 „да скокнат“ на 200 денари по килограм.
Со оглед дека костените се задолжителни за утрешната посна трпеза, традиционално се купува барем по половина килограм. Некои ги подготвува варени, друг ги пече. Но, и годинава се реагира за цената!
Поквалитетните и покрупните костени достигаат цена и над 200 денари, додека поситни костени може да се најдат и по цена од 140 денари по килограм.
Има разлика во цената и доколку костените се диви или питоми. Низ маркетите веќе се продаваат и веќе подготвени спакувани костени со сладок вкус.
Ама тоа е Копенхаген, а не некој трговец од Скопје на кој му текнало дека баш денес треба да земе да продава костени 200 денари кои до вчера беа 100 и тоа диви.
— Еквилибрија (@ekvilibrija) January 5, 2026