До сите мои бивши дечковци...

Пред да го кажам она судбоносно ДА, чувствувам потреба да им оддадам почест на сите мои бивши дечковци и тоа не само поради трудот кој го имам вложено во нашите врски.

До сите мои бивши дечковци,

Ова писмо е и збогување со мојот сингл живот. Бракот е сериозна работа: чувствувам дека би било неодговорно ако формално и детално не ставам точка на тој период од мојот живот. Знаев дека овој ден ќе дојде. Го препознав својот иден маж уште кога имав 12 години. И тогаш се заљубив во него. Х., првиот пат кога те видов, во шесто одделение, одлучив дека ќе се венчаме. И како што минуваше времето, бев сѐ посигурна во тоа. За жал, тоа тогаш не беше доволно, особено не за мелодраматичната јас од тоа време. Па кога твојот најдобар другар ме повика да излеземе, јас прифатив. 

А., ти и јас заедно ги поминавме следните шест месеци. Ти ми беше првиот дечко, а првите дечковци се памтат. Одевме на состаноци, ми купуваше подароци, ми пишуваше песни и ми кажуваше дека „ме сакаш“. Жал ми е што ти раскинав преку мејл, мислев дека можам да најдам некој подобар кога ќе тргнам во средно училиште. Да, секако дека згрешив.

Повторно доаѓа Х. Не се гледавме често, но станував сѐ посигурна дека ќе завршиме заедно и ете, сега го имаме сето време на светот. И двајцата ми ја дадовте онаа слатка и невина љубов. Фала ти А., што пред сите ми посвети песна, поради тоа се почувствував како најпосебната девојка во просторијата. Кога ќе се сетам на тоа, чувствувам пеперутки во стомакот. Фала ти Х., што ми даваше надеж сите овие години, но и затоа што не беше подготвен да се врзеш и остави место за некој кој беше – Д. 

Д., ти ме наведе слепо да ти верувам и отиде подалеку отколку што бев подготвена. Не заслужуваш да одвојам повеќе место за тебе. 

Но, тогаш Џ., знаеме каде ги ставам границите. Нашата поврзаност беше толку силна, што не беше доволно да кажеме само „Те сакам“. Но, на крајот морав да се извлечам од удобната дупка во која се вовлеков и фала ти што ме пушти да си одам. 

Беше време да бидам сингл, зрела девојка во Њујорк. Тука, покрај краткотрајните авантури, треба само да те издвојам тебе, мој драг С. Не ми купуваше ниту цвеќе, ниту подароци, но ми даде самодоверба. Ме научи како да уживам во сексот и како да бидам во зрела врска. 

Наредниот пат кога се заљубив, тоа беше додека патував. Б.,  ти ми даде срцепарателна романса, која мислам дека секој треба барем еднаш да ја доживее. Тогаш ја сфатив онаа изрека: „Подобро е да сакаш и изгубиш, отколку никогаш да не си ни сакал.“

Поминавме 10 дена заедно, а две години се обидувавме повторно да бидеме заедно. Толку исполнувачки, а сепак толку самодеструктивно. Го затворив тоа поглавје откако повторно се сретнавме на кратко, кога видов како повторно се качуваш на авион и си заминуваш. Не сакав никогаш повторно да се чувствувам така. Конечно бев подготвена за вистинска врска. 

Мои драги бивши момци, ви благодарам, на сите подединечно, за тоа што не ни успеа, затоа што тоа ме доведе до последниот дечко: 

  • кој не чекаше одредено време за да ми пише после првиот состанок.

  • кој после четири месеци ми рече дека ме сака и не се откажа од мене иако не му одговорив на изјавата во истиот момент.

  • кој цела вечер е буден со болното куче, додека јас спијам.

  • кој не можеше да дочека да ме побара за жена, но чекаше да бидам подготвена за тоа. 

  • со кого јас завршив и ќе бидам до крајот на мојот живот. 

 

~ Меги Паркер за „Њујорк Тајмс“