До сабота стабилно и сончево, потоа нагла промена на времето

До петок ќе се задржи стабилно и потопло време.

По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла, особено во четврток.

Локални врнежи од дожд и заладување се очекуваат од сабота, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури утре ќе се движат од 2 до 9 степени, а дневните од 12 до 21 степен.

Во Скопје и околината утринската температура утре ќе достигне до 6 степени, а дневната до 17 степени.