До пукање на Матка дошло поради расправија за чамците, напаѓачите избегале

Министерството за внатрешни работи соопшти првични информации околу инцидентот што попладнево се случи на Матка, кога настана тепачка меѓу две групи лица, а се пукаше и со огнено оружје.

„Во 14,54 часот во Скопје -кањон Матка, Мерван Сулејмани со уште неколку лица физички ги нападнале Амет Саит и Амет Садик при што употребиле и огнено оружје. Сите учесници се возачи на чамци за туристи. Расправијата настанала во врска движењето на чамците во правец према Пештерата. Повредени нема“, велат извори од МВР за „Макфакс“.

Инаку, Мерван Сулејмани е внук на реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

Групата што нападнала се дала во бегство, а кога полицијата стигнала на местото на настанот биле останати само нападнатите.

Од МВР се уште не потврдуваат дали напаѓачите се приведени.