До недела одложени јавните настани на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ги одложи јавните настани поврзани со локалните избори денеска, утре и задутре (четврток, петок и сабота), по одлуката на Владата за тридневна жалост по синоќешниот пожар во модуларната ковид болница во Тетово во која загинаа 14 лица.

Од партијата за МИА велат дека со јавните активности ќе продолжат во недела.

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава. Како што соопшти владината прес-служба, за денови на жалост се прогласени денеска, утре и задутре (четврток, петок и сабота). Од Владата апелирааа до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.