До мојата депресија: Те молам остави ме на мир!

Во последно време имав многу лоши денови. Но, ти веќе го знаеш тоа: Ти ги предизвика.

Кога утрово се разбудив, се што сакав беше да бидам среќна. Секоја вечер се молам за утрешниот ден да биде добар ден. Секоја вечер се молам за утрешниот ден да бидам среќна.

Но, поголемиот дел од времето – не сум. Држам насмевка на моето лице и правам се што морам за да го протуркам денот. Потоа одам дома и се обидувам да направам се за да се оттргнам од ужасните мисли кои ми ги садиш во главата.

Секое утро се терам себеси да станам од кревет. Секој ден се борам само за да можам да издржам на работа. Секој ден се борам за да функционирам.

Секој можен ден е битка. Уште една исфорсирана насмевка, уште едно лажно смеење, уште еден ден.

Навечер си легнувам во кревет и тогаш мислите се уште полоши. Си легнувам во кревет во кој твојот глас е погласен, а твоите зборови повеќе болат и се потешко ми е да те игнорирам. Има ноќи кога твојот глас е толку моќен што не сакам да се разбудам наредниот ден. Има ноќи кога плачам толку силно што останувам дехидрирана. Има ноќи кога плачам толку долго што имам чувство дека немам повеќе солзи во мене. Има ноќи кога имам чувство дека само мојот плач може да го намали твојот глас.

Има периоди кога чувствувам дека немам никој. Има периоди кога имаш толкава моќ над мене што мислам дека никој не може да ја одземе таа болка.

Јас заслужувам да бидам среќна. Заслужувам да живеам нормален живот. Заслужувам да дозволам некој да ми се приближи без да го оттурнам од себе. Јас заслужувам повеќе.

Заслужувам да живеам. Заслужувам да бидам жива. Заслужувам да се ослободам од тебе. Но, како?

Тагата ќе дојде и ќе си оди, лутината може да намине на кратко и осаменоста е тука одвреме-навреме. Но, ниту едно од овие чувства не останале подолго. А ти, ти изгледа како цело време да си тука. И во ретките прилики кога ќе успеам да ти избегам, ти ме следиш во чекор. Го чекаш совршениот момент повторно да ми влезеш во главата.

Постојано те молам да ме оставиш на мир, барем на еден ден, на еден час и на една минута, но не сакаш. Не сакаш да ме оставиш на мир и тоа не е фер.

Се што сакам е да бидам среќна. Се што сакам е да се чувствувам нормално. Барем еднаш.

Се што сакам е да живеам, го заслужувам тоа. Заслужувам да живеам.

Затоа, те молам, те молам остави ме на мир. Те молам остави ме да живеам.