До младите во Македонија кои се плашат од брак – верувајте во него, сетете се на бракот на вашите родители

Податоците покажуваат дека младите денеска многу тешко се одлучуваат за склучување на брак. Причините се различни.

Бракот како институција ги става луѓето во кутија. Прстените, свадбените ѕвона, хипотеки, документи. Традициите, законите и навиките. Многумина се плашат дека бракот ќе направи да ја изгубат својата независност и дека ќе го живеат животот на партнерот, а не својот.

Една повозрасна скопјанка, упатува апел до младите, без страв да застанат на брачниот камен. Да уживаат во новиот живот со свој партнер, бидејќи како што вели таа, нема ништо поубаво од тоа да знаеш дека си сакан, да даваш несебична љубов, а уште повеќе да знаеш дека нечиј избраник. Бракот е нешто свето. Бракот се чува и негува.

-Јас се сеќавам и како беше кога јас бев дете, па го гледав бракот околу мене. Оној на моите родители. Се сеќавам дека тогаш знаев дека тоа е нешто идеално, дека тоа баш така треба. Секогаш, дури и денес кога знам дека тоа не е баш така, си приспомнувам на приказната која мајка ми еднаш ми ја кажа. Таа и татко ми, како млад брачен пар, разговарале за тоа кој има повеќе пријатели. И двајцата мислеле дека имаат повеќе. Тогаш одлучиле да направат список со своите најдобри и вистински пријатели. На крај, мајка ми го напишала само татковото име, а и тој го напишал само нејзиното. Тогаш знаев дека и во брак може човек да живее убаво, додава таа.