Градоначалникот на општина Кисела Вода и министерот за спорт Борко Ристовски извршија увид во градежните активности за изградба на базен во ООУ „Невена Георгиева Дуња“. Градоначалникот рече дека дека до крајот на февруари ќе биде завршена изградбата на тој објект додека официјално ќе биде пуштен до крајот на мај.
„ На мое задоволство, со актуелниот министер Ристовски, низ низа проекти, а и со денешниот, покажавме дека со ефикасна соработка и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина. Овој базен, чија изградба ќе биде завршена кон крајот на февруари, ќе биде модерен објект, изграден по сите стандарди и ќе им служи на пред сѐ на учениците, спортистите, но и на сите граѓани. Пливањето, како еден од најкомплексните спортови има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации. Со оваа инвестиција овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Во изминативе три години, ние како Општина Кисела Вода направивме значителни вложувања во спортската инфраструктура – обновивме и изградивме девет спортско-рекреативни центри. Со оваа динамика и посветеност, ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој во Кисела Вода. Искрено се заблагодарувам на министерот Борко Ристовски и Министерството за спорт за неговиот активен ангажман, посветеност и поддршка за изградбата на базенот, но и за темелната реконструкција на салата ,,Расадник” која е во тек. Ова е уште еден доказ дека кога институциите работат заедно, резултатите се видливи и значајни за граѓаните“, напиша Ѓорѓиевски.