До крајот на годинава треба да се избере универзален снабдувач со електрична енергија

Компаниите снабдувачи со електрична енергија најдоцна до 3 декември треба да аплицираат на јавниот тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија.

Тендер што го распиша владата во септември, согласно новиот закон за енергетика, што треба да се реализира до крајот на годинава.

Главните критериуми за избор се: фирмата да има капитал од 20 милиони евра, искуство во дејноста и способност за испорака на сметки, а пресудна ќе биде цената што ќе ја понудат за маржата за покривање на нивните трошоци.

Изборот треба да заврши до крајот на годинава, а универзалниот снабдувач да почне со работа од 1 март.

Во случај тендерот да пропадне, снабдувањето како и досега ќе го врши ЕВН Македонија.