До кога родители ќе чекаат децата да им бидат згрижени во градинка?!

Голем број на родители немаат информација дали нивните деца од септември ќе бидат примени во градинката во која поднеле пријава за запишување или не. Родителите, бидејќи ја немаат основната информација не знаат ниту која е причината, а на повеќето децата им се вакцинирани.

-Поднесов барање за мојата три годишна ќерка уште претходната година. И по цела година сеуште немам одговор, раскажува мајка од Неготино.

Родителите од Прилеп и Тетово се жалат дека околу приближно околу 800 деца, или 300 во Тетово, а во 500 чекаат да се запишат во градинка во Прилеп.

Пред околу две години новите локални власти во Куманово ветија најламку две нови градинки. Во меѓувреме има една нова, но тоа целосно не го решава проблемот.

-Ние како граѓани не ги добивме, и сеуште немаме информација дали мојот двегодишен син ќе биде примен во градинка, иако се поднесени документи, вели загрижен родител.

Овие податоци само покажува дека пренатрупеност во градинките е голема и немаат доволно капацитет за да сите деца бидат соодветно згрижени.

И додека сето ова се случува министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска надлежна за овој дел, наместо акцент на нејзината проблематика таа ќе се занимава со партиски функции.

На вчерашниот Централен одбор на СДСM, Царовска беше назначена за еден од потпретседателите на СДСM.